28.03.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Хамедореја елеганс (Chamaedorea elegans)

Хамедореја елеганс (Chamaedorea elegans)

Хамедореја елеганс (Chamaedorea elegans) се видови на палми кои потекнуваат од семејството „Arecacea“.

Ова е најпопуларна палма кога станува збор за собно одгледување. За татковина се смета Централна Америка, Мексико и Гватамела.

Достигнува височина 2,5 метри и дијаметар околу еден метар. Идеалната температура за одгледување на оваа палма е 15 – 25 степени.

Се полева умерено во текот на потоплите периоди, додека во текот на зимата помалку. Бара редовно оросување, особено во топлите периоди и редовно да се отстранува прашината од нејзините листови. Може да се ѓубри со течно ѓубриво во текот на растот и тоа на секои две недели. Најмногу сака сончеви места со комбинации на полусенка. Се размножува со семе.

Види

Ги залепи саксиите една до друга, но кога ќе видите зошто и вие ќе го направите истото (Видео)

Работата во градината на многумина им причинува задоволство. Таа може значително да ви го разубави …