28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Грижата за Поинсетија до пролет

Грижата за Поинсетија до пролет

Ноември

За време на втората половина од месец Ноември, можете да престанете со ставање на цвеќето во плакар, и да го оставите целото време на прозорецот.

Сега е време на појавување на првите цветни пупку на Поинсетија.

Декември

Во Декември треба да се престане со ѓубрење, но продолжете со наводнување и третирајте го цвеќето на истиот начин како кога сте го довеле прв пат во својот дом. Доколку се се одвива како што треба, би требало повторно таа да цути и следната сезона.

Со години имаше лоша репутација бидејќи се сметаше за отровно растение. Секако дека не е препорачливо да се јаде или да се даде на животни. Внесувањето на Поинсетијата како храна може да предизвика грчеви во стомакот, што би и се случило со секое од домашните растенија во случај да биде изедено. Како и да е беше изложена на интензивно тестирање, што значи дека сеуште не е пронајден ниту еден доказ дека растението е отровно или опасно да се чува дома.

Поголема е веројатноста да се јави како проблем “контактен демартитис”. Имено, „Euphorbias“ е млечен сок кој излегува од стеблото кога е скршено. Опасноста е што некои луѓе се сензитивни на него, што може да предизвика надразнување на кожата и чешање. Бидете внимателни да не ги триете очите после допирот на цвеќето.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …