Горскиот кристал – моќно средство за постигнување на хармонија и баланс

August 4th, 2017 | by Gradina Mug
Горскиот кристал – моќно средство за постигнување на хармонија и баланс
Вести
0

Кристалите од древни времиња се користеле за лекување на многу болести, за медитација и за духовно просветлување. Горскиот кристал е безбоен, а најдобрите кристали го поседуваат сјајот на кристално чистата вода.

Горскиот Кристал е задолжителен за секоја минерална збирка. Тој во себе го содржи целокупниот спектар на бои и одлично го појачува дејството на сите останати кристали во неговата околина. Тој е основен кристал без кој не може да се замисли изведување на кристалотерапијата. Ја поттикнува спиритуалната пприрода во нас, ја прочистува аурата, ги подобрува менталните и психичките способности и помага во фокусирањето и медитацијата.

Терапевтски својства: Единствен Кристал кој може да се употребува во универзални цели. Претставува стабилен резонатор кој во себе ја содржи вродената енергетска вредност на клетката.

Горскиот кристал е сметан за најмоќниот камен за исцелување на планетата Земја. Тој се признава за вешт исцелител и може да се користи во сите услови. Секој кристал има специфична енергија, кој го зајакнува имунолошкиот систем и носи рамнотежа во телото. Преку своите вибрации, тој придава најчиста енергија токму на болното место каде таа е потребна.

Тој го поплочува телото и ја подобрува состојбата на сите органи, како и душата на човекот, поврзувајќи го физичкото тело со умот.

Кога се прават магии во ритуалите овој кристал се користи за да се зајакне моќта на магијата. Кристалите се ставаат во кругови од 5,7, 11, 13 или 21 за време на овие ритуали, бидејќи се најмоќните камења кои се користат при правење магии.

Горскиот кристал е универзален, бидејќи зрачи со сите бои во спектарот на светлината. Го нарекуваат уште камен на умот, бидејќи ги подобрува умствените способности на човекот и му помага да стигне до висока концентрација на мислата.

Тој е моќно средство за постигнување на хармонија и баланс, бидејќи ги насочува мислите и го прочистува со енергија духовното, психичкото и физичкото тело.

Во минатото, горскиот кристал бил употребуван за дијагностицирање и лекување, како и за поврзување со духови и други светови.

И на крајот можеме да кажеме дека сè што Бог создал – растенија, животни, минерали се навистина големи работи.

Доколку сакате да купите од него, можете да најдете во дуќанчето ДЕКО

Comments are closed.