29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / [Фото] Активистот Нешкоски: Водно личи на депонија, среќа што син ми е мал и нема да го памети викендот

[Фото] Активистот Нешкоски: Водно личи на депонија, среќа што син ми е мал и нема да го памети викендот

„Викендов стандарно решив да се качам на Водно, заедно со син ми кој инаку е едногодишно бебе. Зошто е толку важна возраста на моето дете? Затоа што овој викенд Водно личеше на депонија, од оние илегалните, најгнасните“, реагира претседателот на „Еко Логик“, Никола Нешкоски.

„Е, сега да се вратиме на информацијата за возраста на син ми. Среќен сум што тоа што на оваа возраст децата ништо не разбираат и затоа што син ми нема да го памти овој гнасен викенд на Водно. Отпад насекаде – лименки сок, пиво, пластични шишиња, чипсови, и еден куп влажни марамчиња. Одвратно!“, забележува Нешкоски.

Тој презентира фотографии кои се направени од патеката Димитар – Цветкова и, како што вели, тие се само мал дел од на што можел да го забележи по патеката.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …