25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Фармер во Италија со трактор го нацрта портретот на Путин

Фармер во Италија со трактор го нацрта портретот на Путин

Во градот Кастанаро во провинцијата Верона на северот на Италија, фармерот Дарио Гамбарин со својот трактор и плуг на нива го нацрта портретот на рускиот претседател Владимир Путин. Повод за ова е претстојниот самит на Г-20, соопштува италијанската агенција АНСА, пренесува Руска Реч на македонски.

Покрај портретот на рускиот лидер, неговото име и напишано и на кирилица.

„Поводот за ова дело е самитот на светските моќници кој се очекува на 7 и 8 јули во Хамбург. И сите ние се надеваме дека овој состанок ќе придонесе за решавање на актуелните меѓународни проблеми во сферата на економијата и имиграцијата“, објасни Гамбарин.

Портретот на Владимир Путин зазема површина од 25 илјади квадратни метри.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …