29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / ФАО им помага на земјите да работат на иницијативи за отпорност кон климатските промени

ФАО им помага на земјите да работат на иницијативи за отпорност кон климатските промени

На пример, во Буркина Фасо, ФАО работи со владата на подготвка на стратешка анализа на потенцијалот за ублажување на и адаптација кон климатските промени кај шумите и земјоделското земјиште. Во Лаос, ФАО помага да се подготви инвестициски план за зголемување на адаптивниот капацитет на шумите кон климатските промени, со вклученост на приватниот сектор, а во Македонија, ФАО им помага на владините министерства да ги усогласат своите политики за адаптација кон климатските промени.

Во другите земји, ФАО ги поддржува владите да ги усогласат нивните стратегии за климатски промени со заложбите во рамките на Целите за одржлив развој, обезбедува обуки за министерствата и другите институции, помагајќи да се воспостават механизми за градење консензус за националните приоритети. ФАО исто така нуди и техничка поддршка, на пример за изработка на научни студии.

Моментално, ФАО има вкупно 41 проект за национална подготвеност, при што 15 се очекува да се стават на разгледување за време на следниот циклус на одобрување во септември.

Зелениот климатски фонд е основан во 2010 година, на Конференција на членките на Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации (UNFCCC), како глобален фонд за финансирање на напорите на земјите во развој да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да се прилагодат на негативните влијанија од климатските промени.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …