Фантазија! Погледнете ја градината на ресторанот Бакал

October 19th, 2017 | by Gradina Mug
Фантазија! Погледнете ја градината на ресторанот Бакал
Хортикултура
0

Градината на ресторанот Бакал е посебно уредена од страна на градинарскиот центар Фоја, што остава впечаток како да се наоѓате далеку, на некое скапо егзотично место, за кое досега само сте сонувале, а не дека сте во Македонија. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој. Од сите страни во комплексот се простира зеленило и хармонија од бои од убавите растенија. Специфични се мирисите на лаванда и алисиум кои максимално ве опуштаат. Ако сте имале напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

Целиот простор нуди максимална интимност, комплетно одделен од се друго надвор, а црвените ливчиња на фотиниите, разелените липи, расцветани хортензии, и други растенија и цвеќиња од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство.

Comments are closed.