28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Еве со што се полнат македонските салами

Еве со што се полнат македонските салами

Mногу пати во продавницата на излогот има вкусен ќе забележите на изглед убави салами и со пристојна цена. Купуваме, јадеме со апетит, а знаеме ли со што се полнат?

Речиси сите салами, кремвирши и колбаси кои ние ги купуваме како чадени и варени, содржат главно колагенов протеин од свински кожи, колагенов протеин од говедски коски, соја гранули, алгинатна смеса наместо маснотии, нитратна мешавина и овкусители.

Знаеме ли со што се полнат македонските салами и колбаси?

Присуството на месо во колбасите всушност се мали парченца, остатоци на коските, кои со специјална машина се одвојуваат. Заедно со тоа мало количество месо производителите ја мелат ‘рскавицата, жилите, дури малите, ситни и меки коскички.

Според Кирил Ватев – претседател на Асоцијацијата на месопреработувачите во западна Европа редовно ставаат замена во колбасите. Кај нас се увезуваат такви производи. Тие не се отровни, но даваат слаба хранлива вредност за потрошувачите. Овие замени може да предизвикаат онко-заболувања. Додека кожите, коските, жилите, се природни состојки, колку и да се од низок квалитет.

Друга состојка која активно влегува во колбасите се соја гранулите. Тие се јавуваат како замена на голем процент од квалитетното вистинско месо. Соја гранулите се во форма на гел кој се раствора со вода, а потоа треба да се мешаат со специјална машина наречена кутер.

Од животинските коски и кожи се добива колагенов протеин, кој е во форма на гел и може да замени меѓу 10 и 15 отсто од потребното месо во колбасите. Па, наздравје апетит!

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …