Почетна / Градина / Лек / Еве што нашите дедовци пиеле за сексуален стимуланс

Еве што нашите дедовци пиеле за сексуален стимуланс

Кои се природните богатства, кои, за разлика од денешните синтетички производи, не само што не кријат ризици за здравјето, туку помагаат за здравјте на човекот, прочитајте подолу:

Бабини заби – Активните состојки на оваа билка се особено поволни за половиот систем. Екстрактот, добиен од неа го стимулира производството на лутенизирачки хормон, кој од своја страна влијае непосредно врз производството на тестостерон.

Зголеменото ниво на тестостерон пак води до зголемување на сила, мускулен раст, ја продолжува ерекцијата и ја зајакнува потенцијата. Нашите дедовци го користеле овој природен сексуален стимуланс, за да ги удвојат своите шанси да се здобијат со многу наследници. Во 1985г. за неа нè потсетува повторно Кина. Волшебните својства на Бабини заби се детално опишани во „Водич за кинески лековити растенија и формули” на доктор Хим Че Енг, издадена во 1983 година, а 2 години подоцна и во зборникот „Хемиски состав на источните растенија” на Хсу Чен и Хонг. Во овој момент, светот полудува по оваа билка за која нашите предци знаеле многу одамна.

Магарешки трн – Тоа е другата популарна билка која расте во Европа, Северна Африка, Азија, Македонија, а подоцна е пренесена во Северна Америка и Австралија. Таа е позната во целиот свет со своето благопријатно дејство врз потенцијата и половата моќ. Освен тоа помага за обновување на силите на организмот и го зголемува тонусот на мазната мускулатура.

Кантарион – Тој е еден од најмоќните афродизијаци. Особено корисен е при предвремена ејакулација и делува благопријатно еднакво како на мажите така и на жените. Научници од целиот свет долго ги истражувале својствата на жолтиот кантарион и не ги оспоруваат неговите квалитети. Нашите дедовци пак откриле дека во комбинација со Бабини заби и трн, тој е најмоќната вијагра и одличен извор на енергија.

Мурсалски чај – За прв пат билката е откриена на Шар Планина, од каде потекнува и латинскиот назив Sideritis scardica. Освен што дава многу сила, Мурсалскиот чај содржи сериозни количества калиум и цинк – едни од најважните елементи од кои зависи квалитетот на спермата, потенцијата и половата издржливост. Нашите предци пак го нарекувале “Чајот на долговечноста”.

Види

Рузмаринов сируп против ревматизам

Една од најкорисните билки за болки во зглобовите и ревматизмот е растението рузмарин. Таа е …