Почетна / Градина / Вести / Еве до кога земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции за градинарски и овошни култури

Еве до кога земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции за градинарски и овошни култури

Во тек е рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачките капацитети.

Барањата може да се поднесуваат до 25 декември по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во прилог на барањето се доставува и потврда за откупени количини.

За поддршка за градинарски култури може да аплицираат земјоделски стопанства кои од 1 март до 25 декември произвеле и проделе градинарски култури во регистриран преработувачки капацитет за зеленчук. Висината на поддршката изнесува 1,5 денар по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперки и корнишони за кои поддршката изнесува три денари по килограм.

За овошни култури аплицираат земјоделски стопанства кои од 26 декември лани до 25 декември годинава произвеле и продале овошје во регистриран преработувачки капацитет за овошје. Висината на поддршката изнесува два денари по килограм.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека до 25 декември се поднесуваат и барања за финансиска поддршка за произведени и продадени праски во преработувачки капацитети во период од 12 до 30 јуни за кои висината на поддршката изнесува шест денари по килограм, додека за произведени и продадени лубеници на регистрирани откупувачи во период од 3 до 15 јули, висината на поддршката изнесува два денари по килограм.

Обрасците на потврдите може да се превземат од веб страницата www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.

Види

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 0.1 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2018 …