Почетна / Совети / Епипремнум ауреум – брзо растечко, влекачко растение, идеално за одгледување во собни услови

Епипремнум ауреум – брзо растечко, влекачко растение, идеално за одгледување во собни услови

Епипремнум ауреум (Epipremnum aureum) или уште  е брзо растечко, влекачко растение, идеално за одгледување во собни услови. Доколку правилно се одгледува може да достигне и 20 метри должина.

Листовите се вечнозелени во облик на срце, а бојата зависи од видот. На „Marble Queen“ листовите се со бали шари, а на „Golden Pothos“ жолто – зелени до златесто. Достигнуваат должина до 10 см.

Често се сретнува во трговските центри, канцелариите, домовите. Карактеристично е тоа што ги абсорбира штетните материи од воздухот, вклучително формалдехидот и бензенот, а испушта кислород.

Ова тропско растение има потреба од многу вода и влажен воздух. Се полева 1-2 неделно во зависност од температурите. Растението не трпи температура помала од 10°C, а најдобро вирее од 18-30°C. За нејзино одгледување во соби, најдобро е да биде поставено на посветлите места, за да не ги изгуби убавите шари кои ги има.

Се размножува со резници. За подобро разгранување се препорачува и шишање во текот на пролетта. Според „ASPCA“ ова растение е токсично за мачките, кучињата и децата.

Види

Како успешно да ги пресадите растенијата

Растението треба да се пресади тогаш кога ќе се утврди дека саксијата станала претесна за …