20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Дванаесет локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата

Дванаесет локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата

Локалните заедници беа рангирани според критериуми како,  големина на проектната област за консолидација на земјоделско земјиште, степен на расцепканост на земјиштето, големина на земјишните парцели, процент на изложеност на земјиштето, топографија на теренот, присуство на повеќегодишни култури, како и на недвижни објекти во областа, и еден од клучните критериуми – интересот на земјоделците и нивната посветеност да се вклучат во процесот на консолидаци на земјоделското земјиште.

Во периодот што следува, проектот ќе објави тендер за спроведување на физибилити студии (студии за изводливост) во одбраните области за консолидација на земјоделско земјиште. Главната цел на студиите е да се направи детална проценка на моменталната состојба на терен, да се потврди подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиште да се вклучат во процесот, да сеидентификуваат индивидуалните потреби, да се провери дали се задоволени сите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата на земјиште, во секоја од избраните области. Врз основа на анализата на ситуацијата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите, а исто така ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во нови пристапни патишта и инфраструктура за наводнување и одводнување, во зависност од потребите во секоја заедница.

Проектот ќе го поддржи целокупниот процес на спроведување на претстојните физибилити студии во секоја од избраните области, преку јакнење на капацитетите на лиценцираните геодетски фирмикои ќе ги спроведуваат студиите, внимателно следење на теренските активности и подготовка за активностите што ќе следат во наредните фази од процесот на консолидација на земјиштето.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …