Почетна / Градина / Вести / Дијасциа (Diascia)

Дијасциа (Diascia)

Диаскиа е род со познати околу 70 видови на годишни и повеќегодишни цветни растенија. Името доаѓа од грчкиот збор „ди“ што значи две, и „аскос“ што значи торба или џеб.

Потекнуваат од семејството „Scrophulariaceae“, а за татковина се сметаат државите во деловите на Јужна Африка.

Претставниците од овој род станаа екстремно популарни во светот особено висечките кошници, жардињерите на балконите. Диаскијата може да се одгледува и како саксиско растение во градината.

Во последно време се поголем замаф на пазарите во светот зафаќаат хибридите кои може да ги сретнеме во шарени бои.

Не растат многу високо, претежно достигнуваат не повеќе од 30-45см. Има и посебни видови кои достигнуваат не повеќе од 120см како што е „Diascia personata“.

Цветаат во секакви бои, бидејќи веќе се создадени голем број на хибриди. Време на цветање е од пролет до есен. Најмногу им одговара пролетта и есента, бидејќи ова растение не поднесува многу жешко време. Бара редовно наводнување, но не смее да се задржува водата во почвата.

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …