Почетна / Градина / Вести / Чуварот на куќата (Sempervivum tectorum) го штити домот од громови, ветрови и болести

Чуварот на куќата (Sempervivum tectorum) го штити домот од громови, ветрови и болести

Чуварот на куќата или латински „Sempervivum tectorum“ е растение кое најчесто можеме да го сретнеме на карпите, ѕидовите, крововите од каде и го добило своето народно име.

Латинскиот превод значи „секогаш живеат“ кој сведочи за неговата стабилност во различните ситуации во животот. Постои верување дека ова растение го штити домот од громови, ветрови, вештерки и болести.

Ова растение поради неговата убавина може да одгледуваме и во нашите градини, меѓутоа се користи и во народната медицина поради неговите супстанции: смолата, танинот, калциум малат, масните масла и јаболковата и мравјата киселина.

Кај нас ова растение се одгледува многу одамна, поточно од деветтиот век. Во текот на летото растат стебленца долги од 10-30 см со цветови најчесто розови по боја.

Растението се размножува вегетативно, преку бочните израстоци кои произлегуваат од розетата. Листовите може да користат за правење на чаеви, додека цветовите наоѓаат примена во народната медицина.

Види

Уште едно ремек дело на Хорти Експерт Урбан Груп (Галерија)

Хорти Експерт Урбан Груп денес е водечка компанија во областа на хортикултурно уредување на објекти …