Почетна / Градина / Вести / Букет од зачини

Букет од зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, чорби, сосови, манџи или кога пржите или динстате месо. Најчесто, овој букет се состои од гранчиња целер, гранчиња магдонос, ловоров лист и мајчина душичка. На ова, може да се додадат праз, кромид, лук, морков и други ароматични тревки и зеленчуци.

Букетот од зачини се врзува цврсто со кујнски конец (понекогаш се става во газа) и се става во јадењето кое го подговувате.

Пред крај или кога јадењето ќе биде готово, букетот се вади и се фрла. Букетот е одличен начин да и заврзете сите состојки и зачини кои не планирате да ги употребите во јадењето, туку само сакате да ги искористите нивните вкус и арома. Идеално за бистри супи.

Извор:миа.мк

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …