29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Borrachero – растение од кое се добива најстрашната дрога

Borrachero – растение од кое се добива најстрашната дрога

Borrachero стеблото (Brugmansia X candida, Datura candida), е со прекрасни бели и жолти цветови кои висат на тенка гранка и кријат тајна кои ја знаат само неколку луѓе надвор од Јужна Африка.

Семето, цветовите и поленот на ова стебло поседуваат халуциогени хемиски супстанци кои, кога ќе се вдишат или консумираат, се способни да ја елиминираат слободата на човек и да го претворат во зомби кое може да се контролира без даде никаков напор.

Уште во мај британскиот Дејли Меил објави извештај токму за ова стебло, исто познато под името „дрво од кое се опиваш“, објаснувајќи како добиена супстанца, скополамин, ја блокира човечката способност да формира сеќавање и привремено ја блокира способноста за слободен избор. Кога се вдишува или кога се консумира скополаминот може било која личност да ја претвори во робот кој ќе направи се што другата личност му каже.

– Дрогата ги претвора луѓето во вистински зомби и го блокира настанувањето на меморијата – Дејли Меил пишува за скополаминот. Таа е е технички рафинирана, хемиски изменета верзија супстанца. Неа ја користат криминалците за да ги контролираат другите луѓе во извршувањето на криминални дела. Скополаминот се зема трансдермално (со помош на фластер) и се наоѓа на листата на FDA лекови.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …