Почетна / Градина / Вести / Бегонија – еден од најатрактивните цветови

Бегонија – еден од најатрактивните цветови

Меѓу какви видови цвеќиња и спектар од бои и мириси ќе уживате во топлите летни вечери, зависи од тоа какви растенија сте решиле да посадите уште во пролетта. За постигнување брз и евтин огномет од бои во градинарскиот простор се користат едногодишни и повеќегодишни растенија.

Меѓутоа, да се ограничи нивното користење само на бои би значело дека се занемарува широката разновидност на листови, мириси и облици што ги нудат овие растенија.

Иако со краток век на траење, едногодишните растенија со обилни цветови со недели, па и месеци ги украсуваат нашите градини и дворови. Нивното обилно цутење овозможува обликување на многубројни цветни облици кои подолго време ќе ја красат градината. Сите цветници или леи со едногодишни растенија даваат богатство на бои. Тие може да се групираат по бои или во групи по видови на цвеќе. Интересен изглед може да постигнеме така што ќе искористиме растенија што цутат во непрекината низа едни по други, а за одржување на определена комбинација на бои треба да бидеме сигурни дека избраните растенија цутат во исто време. Токму во ваквите комбинации може да уживате, доколку во вашата цветна градина се посадени разнобојните бегонии. Најубава и најатрактивна меѓу многубројните видови цвеќе во нашите градини е BEGONIA TUBERHYBRIDA (слика 2).

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …