19.04.2024
Почетна / Градина / Животни / Балканскиот рис – од предатор прерасна во еден од најзагрозените цицачи

Балканскиот рис – од предатор прерасна во еден од најзагрозените цицачи

Балканскиот рис, или најголемата мачка на континентот, е национален симбол на Македонија, а неговиот лик може да се најде и на монетата од пет денари. Со текот на годините, ова животно од врвот на синџирот на исхрана потпадна во групата на најзагрозени цицачи и е дел од светската листа на критични загрозени видови.
Според Андреј Гонев, од Истражувачкото друштво на студенти биолози, многу е важно јавноста да се информира за состојбата на рисот, бидејќи како што рече,тоа е предатор од кој зависат многу други процеси во природата, пишуваат станицастудентска.

„Во ваква држава каква што живееме, со лоша имплементација на закони и сегашниот човечки менталитет, во сите области, не само за цицачите, каде што сум насочен, се соочуваме со истиот проблем. Гледаме како опаѓа диверзитетот, разноликоста на видовите“, рече Гонев.

Според истражувањата на друштвото, околу 30-40 единки од рисот се останати во државата. Ова според Гонев е малку бидејќи границата е 50 развиени способни единки.
Како што нагласи тој, најголем причинител за неговото истребување има човекот.

„Можам да кажам дека човекот има најголем удел со неконтролираниот и илегален лов на животни, кои се заштитени со закон. Потоа, со деградација на парк-шуми. Значи, нашите Национални паркови се оставени сами на себе, не се финансираат од државниот буџет, туку се принудени да ги продаваат сопствените шуми за да се финансираат“, заклучи Гонев.

Види

Кучето секој ден гледало надвор од прозорец, а причината ќе ве остави без зборови

Три пати на ден, кучето на Кејси со нетрпение гледало пред прозорецот. Најпрво, Кејси, горда …