20.04.2024
Почетна / Градина / Амарант – идеално растение на 21-от век

Амарант – идеално растение на 21-от век

Го нарекуваат уште совршено растение на 21-от век. Амарантот е древна житна култура, се јадат сите нејзини делови, а денес се одгледува и како украсно растение.

Денешните ботаничари разликуваат 65 вида на амарант. Многу луѓе ова растение го знааткако штир. Но малку луѓе знаат дека тоа има многу лековити својства.

Во антиката го нарекувале “златното жито на Бога”.

Летописите раскажуваат дека древните руси живееле до длабока старост и во добра здравствена состојба благодарение на амарантот. Денес е отворен документот, според кој Петар Први забранил на Русите да одгледуваат амарант и да употребуваат арамантов леб, кој бил главна храна на народот.

Морфолошките анализи на зборот амарант значат: Мара – е божица на смртта кај древните руси и арии; префиксотзначи негација – пример морален и а-морален. Па зборот амарант значи „ја негира смртта“, односно дава бесмртност.

Воините носеле амарант со себе за време на тешките походи, бидејќи тој им давал сила, ги зајакнувал телата и нивниот дух; го користеле семето и листовите на растението. Амарантот е едногодишно растение од семејството амарантови, високо 20-80 см, со издолжени елипсести листови кои се жолтеникави или сивкасто со зелени нијанси, но можат да бидат и црвеникави.

Цвета од почетокот на јуни до крајот на есента. Амарантот е пренесен во Европа од Северна Америка во трговските канали. Денес тој е распространет во европскиот дел на поранешниот Советски Сојуз, го има во Западен и Источен Сибир, Кавказ и Средна Азија.

Во Античка Индија со амарант ја лекувале кралската аристократија и го нарекувале “Рамазан”, што значи “надарен од Бога”.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …