Почетна / Градина / Совети / Аквамарин – ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар

Аквамарин – ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар

see 23/11/2017 Совети

http://lafranglaise.com/wp-cron.php?doing_wp_cron=1512218995.7959980964660644531250 Аквамаринот (лат. aqua marinā, морска вода) e транспарентен полускапоцен камен, кој е еден од вариететите на берилот. Има плава или тиркизна боја и личи на бојата на морето. Бојата може да му варира, така што жолтиот берил се нарекува хелидор, розевиот морганит, а белиот гошенит.

Најголемиот аквамарин е пронајден во 1910 год. во Марамбаја во Минас Жераис во Бразил. Тежел 110 kg, бил долг 48,5 cm и имал пречник од 42 cm.

Се смета дека овој кристал ги прочистува старите самоуништувачки матрици вкоренети во биополето на луѓето. Ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар. На духовно поле ја изострува интуицијата и помага да се поврземе со повисоките нивоа на свеста.

Аквамаринот ги штити аурата и чакрите и ја ослободува блокираната енергија.

Терапевтски ефекти: Најкорисен е при болки во грлото и воспаленија во усната шуплина и непцата. За таа цел се изработуваат различни лосиони и тинктури со кои се испираат грлото и устата.

Се среќаваат записи дека овој минерал успешно се користел за превенција од пролетни алергии.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така аквамаринот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, близнаци, скорпија, водолија и риби.

Доколку сакате да си набавите вакво камче кое ќе ве штити кликнете ТУКА

Види

CO2 – лек за поголеми приноси

Употребата на јаглеродниот диоксид во пластеничкото и оранжериското прозводство претставува една од специјалните мерки за …