29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Агенцијата за храна и ветеринарство заплени и нештетно уништи 1300 килограми небезбедно месо по потекло од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени и нештетно уништи 1300 килограми небезбедно месо по потекло од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство, на почетоков на месецов, на граничниот премин Ќафасан заплени и на депонијата во Струга нештетно уништи 1300 килограми небезбедно месо по потекло од Бразил. Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект – кланица, кој во моментот на прегледот не се наоѓал на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубил на 23.03.2017 година.

Увозот не месо во земјава се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка со месо и производи од месо. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките. Контроли се вршат и при истовар на увезените пратки.

Во рамки на одредени мониторинг програми и при сомнеж, од пратките кои се увезуваат се земаат и мостри за лабораториска анализа. За истите не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува дека пратката е безбедна.

По неодамнешните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадорот на Република Македонија во оваа земја Ивица Боцевски, со кој на дневна основа се разменуваат информации за случувањата во тамошниот месен сектор.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …