19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди грант вреден 192.500 евра

Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди грант вреден 192.500 евра

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски потпиша нов договор со Европската комисија за рефундирање на средства за набавка на вакцини против болеста Јазлеста кожа.

Станува збор за договор за грант вреден 192.500 евра, кој деновиве ќе биде потврден и од страна на Европската комисија, по што, врз основа на поднесениот план од Агенцијата за храна и ветеронарство до Комисијата, наскоро ќе почне и вакцинацијата.

Во почетокот на годинава Агенцијата за храна и ветеринарство доби рефундација на 430 илјади евра за набавените вакцини за говедата, како резултат на потврдата на Европската унија за ефикасните и ефективните мерки кои Агенцијата ги презема минатата година во справување со болеста Јазлеста кожа.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …