18.04.2024
Почетна / Градина / Задоволството на тревникот со Viking

Задоволството на тревникот со Viking

Во Австрија, во областа Тирол се наоѓа најголемиот центар за градинарска компетенција во Европа. VIKING, ќерката фирма на STIHL, таму ги има обединето сите области потребни за совршенство во производството на градинарски апарати: центар за истражување и развој, производство, набавки, маркетинг, продажби и тестирање на производите на квалитет.

Нивниот слоган “Од љубов кон тревникот” oбединува неколку пораки кон клиентите: влева сигурност дека нивните градинарски апарати се опремени со иновативна техника и голема издржливост при работа.

Нивните инженери и дизајнери на најдобар можен начин постојано работат на исполнување и на најпребирливите желби на купувачите. А најголемиот доказ за тоа се независните оценувачи и цертифицирачки куќи во Европа, кои потврдуваат дека VIKING исполнува натпросечни стандарди кај своите производи: моторни , електрични и акумулаторски косилки, тракторски косилки и рајдери, градинарски сечкалки-шредери и мотокултиватори.

Во Република Македонија преку генералниот застапник НИМЕТ дооел и неговите овластени трговци, производите на VIKING им се достапни и на македонските купувачи. И сето тоа со компетентен совет при избор на производ, и квалитетен сервис и одржување.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …