29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Нови средства за земјоделците кои го обновиле генетскиот потенцијал на стадата, подигнале нови овошни и лозови насади

Нови средства за земјоделците кои го обновиле генетскиот потенцијал на стадата, подигнале нови овошни и лозови насади

Од денеска, па се до крајот на овој месец, сите земјоделски стопанства кои се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, ќе може да аплицират за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка и руралниот развој, односно преку „Мерката 121, Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“.

За овие средства ќе може да аплицираат сите земјоделци кои од 1-ви јануари до 30 –ти септември 2018 –та година ги зголемиле стадата, формирале  ново стадо, подигнале нов овошен или лозов насад, или пак засадиле повеќегодишни ароматични растенија како ( фацелија, еводија и багрем) на нови површини. Исто така, со овие средства фармерите ќе може да повратат и половина од инвестицијата за набавени оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници (со исклучок на расата Буша), а се признаваат и трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинални или мелезни на свињи (нерези или низимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски вели дека:

„ За Мерка 121, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 до 75 отсо, од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. За подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија  и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини прифатливите трошоци се до 2.500.000 денари. За оние кои ќе конкурираат за поврат на средства за набвака на добиток од увоз или со потекло од признати организации согласно Законот за сточарство, прифатливиот трошок по корисник е до 6.500.000 денари.“

Барањата се поднесуваат електронски, односно со помош на компијутер на  e-baranje.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои немаат можност сами, електронски, да го пополнат барањето, истото може да им го пополнат вработените во Подрачните единици на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството. Барателите на финансиска поддршка потребно е заедно со креираното електронско барање за исплата, да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметко-потврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните садници/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од три месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, како и  образец на Договор уредно заверен со потпис и печат.

Директорот на АФПЗРР Бабовски вели дека:

„Крајниот рок за пријавување е 30-ти септември 2018- та година. Сите барања кои нема да бидат електронски поднесени нема да се разгледуваат. А нема да се земаат во предвид и сите брања кои што ќе пристигнат по 30-ти септември. Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување, утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Доколку има барања со ист број на бодови, истите ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.“- рече Николче Бабовски, директор на АФПЗРР.

Барателите кои сакаат да бидат корисници на средствата кои се нудат преку „Мерката 121“, треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Еден барател може да поднесе само едно барање, за една мерка, или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Со овие новини, на сите земјоделци им се дава можност за обновување на генетескиот потенцијал на стадото, и зголемено количество на квалитетно млеко. Ќе се модернизират нивните земјоделски стопанства, фармите стануваат попродуктивни, со што Македонија преку унапредување на земјоделството ќе се доближи до европските стандарди.

 

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …