25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / МЗШВ го решава проблемот со откупот на сливи, се воведува нова субвенција

МЗШВ го решава проблемот со откупот на сливи, се воведува нова субвенција

МЗШВ го решава проблемот со откупот на сливи. Со цел да се стабилизира откупот на сливи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека во постапка се измени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година, односно се додава нова мерка за „Директни плаќања за откупени сливи од род 2018 од домашно производство“. Овие измени ќе бидат на дневен ред на утрешната седница на Владата на Република Македонија.

Конкретно со измените, сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои извршиле откуп на сливи од реколта 2018 година од домашно производство ќе добијат субвенција од 2 денари по килограм за откупени сливи. Финансиската поддршка ќе стапи на сила со објавување на одлуката во Службен весник на РМ, и ќе важи за откупени количини на сливи до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм за индустриски сливи. Оваа субвенција ќе важи и за откупувачите кои ќе откупат свежа слива, со кои што на еден од состаноците изминативе денови што ги одржа тимот од МЗШВ, е договорено откупната цена за оваа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм.

Со оглед на тоа дека преку Програмата за директни плаќања за 2018 година со мерката за одржување на насади од слива земјоделците имаат право на субвенција во висина од 33.000 денари за хектар и 39.600 денари за површини од 1 до 5 хектари, како и субвенција од 3 денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети, дополнително со новата мерка за субвенција од 2 денари за килограм сливи за откупувачите, се очекува стабилизирање на откупот на сливи и решавање на проблемот.

Оваа мерка произлезе од работните состаноци што тимот МЗШВ изминативе денови ги одржа со производителите и со откупувачите на сливи, а беше предложена како мерка од заеднички интерес. МЗШВ и во следниот период ќе го следи откупот на сливи, со цел да се избегнат непријатности и да се реагира навреме

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …