20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Во скопската зоолошка градина Марија влезе во кафезот на тигарот и се фотографираше со него

Во скопската зоолошка градина Марија влезе во кафезот на тигарот и се фотографираше со него

Тигарот е голема дива мачка достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од еден метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми.

Постојаното користење на деловите од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се намалила за повеќе од 90%, додека два подвида се сметаат за исчезнати.

Иако луѓето не се природен плен на тигрите, сепак овие животни убиле повеќе луѓе од било која друга мачка.  Се проценува дека во САД има околу 12 000 тигри кои се чуваат како домашни миленичиња, многу повеќе од вкупната популација на тигри во дивината. Се смета дека само во Тексас има 4000 тигри.

Вчера ширум светот се прослави светскиот ден на тигрите, а по повод овој ден најомилената од страна на животнте, Марија Дојчиновска во скопската зоолошка градина успеа да влезе во кафезот на тигарот и да се фотографира со него.

Според анкетата спроведена од страна на Animal Planet, тигарот е изгласан за најомилено животно, победувајќи со мала разлика пред кучето. Во анкетата учествувале повеќе од 50 000 гледачи од 73 земји. Тигрите добиле 21% од гласовите, кучињата 20%, делфините 13%, коњите 10%, лавовите 9%, змиите 8%, а потоа следеле слоновите, шимпанзата, орангутаните и китовите

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …