25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Доаѓа ново невреме со интензивен пороен дожд: Циклонот Флоријан се движи кон Македонија

Доаѓа ново невреме со интензивен пороен дожд: Циклонот Флоријан се движи кон Македонија

Уште од оваа синоќа од запад и од северозапад облачноста започна да се зголемува па веќе во текот на денешниот ден (вторник) уште во претпладневните часови во западните предели локално ќе има појава на дожд и грмежи а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од западен правец, информира метерологт Поповски.

Од пладне па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени меѓутоа навечер ќе започнат да опаѓаат поради продор на посвеж воздух од север кој ќе услови засилен северен ветер во среда и во четврток.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА КАКО И НА СИЛЕН ВЕТЕР ДА НЕ СЕ ПРЕТСТОЈУВА НА ОТВОРЕН ПРОСТОР КАКО И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД УДАР НА ГРОМ А ГРАЃАНИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА СИЛЕН ВЕТЕР ДА ВНИМАВААТ КАДЕ СЕ ДВИЖАТ.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …