Почетна / Градина / Животни / Лемурите од скопска Зоолошка градина прогнозираа победник  на Светското првенство

Лемурите од скопска Зоолошка градина прогнозираа победник  на Светското првенство

source link 13/07/2018 Животни

here Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидуваа победници на светски и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск предвиди победник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство.

Во Зоолошка градина Скопје, како највесели прогнозери се покажаа лемурите. Кај овој вид на примати владее матријархат, односно главни се женките, па затоа и не е чудно што за светски шампион во фудбал, типуваше женка лемур.

Нашата прогнозерка предвиде дека победник на Светското фудбалско првенство ќе биде Хрватска. Дали нејзините прогнози ќе се остварат, останува да видиме во недела.

 

Види

Можете ли да ја пронајдете верверичката на следнава фотографија?

Можете ли да ја пронајдете верверичката на следнава фотографија?