20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Екипи од МЗШВ денес ќе излезат на терен во увид на штетите од вчерашното невреме во ресенскиот регион

Екипи од МЗШВ денес ќе излезат на терен во увид на штетите од вчерашното невреме во ресенскиот регион

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти денес ќе излезат на терен во увид на штетите врз земјоделските посеви во ресенскиот регион, што беше опфатен од вчерашното невреме.

Според првичните информации денешниот пороен дожд и град во ресенскиот регион предизвикал најголеми штети во село Јанковец, делови од селата Златари и Сопотско.

Проценките на штетите ќе ги врши Комисијата за проценка на штети, формирана во мај од Општина Ресен.

Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран утре во зависност од настанатите штети и површината што е опфатена.

По завршување на проценка на штетите на терен ќе следува постапка за обештетување.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …