Почетна / Градина / Вести / Николовски на терен во струмичкиот регион што беше погоден од вчерашното невреме

Николовски на терен во струмичкиот регион што беше погоден од вчерашното невреме

buy gabapentin online uk 09/07/2018 Вести

buy Lyrica Pregabalin Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчo Николовски, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, вчера по вчерашното невреме во струмичкиот регион, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви.

Според првичините проценки од поројниот дожд и град е предизвикана штета врз градинарските култури односно најмногу врз пиперката и посевите со пченица, но и материјална штета на објекти и приватен имот. Невремето предизвика штети во повеќе населени места во општина Струмица како и во општина Босилово.

Со оглед на тоа дека освен врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјална штета на објекти и приватни имоти, постапката за проценка на штетите ќе се врши преку општините.

Комисиите за проценка на штети од општините Струмица и Босилово од утре ќе започнат со проценка на штетите на терен, по што ќе следува постапка за обештетување.

МЗШВ е во постојан контакт и со општина Могила, каде што вчерашното невреме предизвика исто така штети врз земјоделските култури, особено врз тутунот.

Општината формираше Комисија која што од денеска започна со увид на терен и проценка на штетите. Во општина Могила невремето предизвика најголеми штети во селата Вашарејца, Долно Српци, Бернаци и Ивањевци.

Види

Свиленото дрво, познато како „Албиција“

Албицијата (Albizia julibrissin), позната уште како “свилено дрво” е вид од родот Албиција. Ова широколисно …