Почетна / Градина / Вести / Нова технологија ќе им помaгa на сточарите од Пелагонија да станат поконкурентни

Нова технологија ќе им помaгa на сточарите од Пелагонија да станат поконкурентни

http://azteenmagazine.com/nail-care.php?article=314 29/06/2018 Вести, Храна

http://planetapaz.org/index.php?option=com_users Вчера, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со компаниите Здравје Радово, Екошар, Сано и Маранчо ја започна иницијативата за модернизација на млекопроизводството во Пелагонија преку коинвестиции во модерна опрема и обуки за добри сточарски практики кои ќе ја зголемат продуктивноста и приходите на вклучените фарми. Новата технологија и знаење ќе им помогнат на сточарите од регионот да станат поконкурентни, овозможувајќи им раст на бизнисот, зголемување на приходите и работните места.

Директорот на Проектот, Мирјана Македонска, ја потенцираше важноста на инвестирањето во синџирите на снабдување во млекопроизводството: „И покрај големата важност на донаторските и јавните извори на финансии за економскиот развој на Македонија, вистинска самоодржливост може да се постигне само преку силен ангажман на приватниот сектор. Компаниите кои одлучија да коинвестираат со УСАИД во модернизацијата на сточарските фарми го прават тоа затоа што во тоа гледаат добра бизнис логика. Со инвестирањето во фармите кои се дел од нивните синџири на снабдување, тие си отвораат можности за понатамошен раст на нивниот бизнис.”

„Македонските фармери се наши долгорочни партнери, и оттаму секоја инвестиција која ќе значи подобрување на квалитетот на македонското млеко преку примена на најсовремени светски практики на македонските фарми, е добар проект, што Млекара Здравје ќе го поддржи”, изјави Никола Ивановски, супервизорот на секторот за суровини при Здравје Радово.

Преку оваа иницијатива, Здравје Радово набави 30 лактофризери за нивните кооперанти, со коинвестиција од Проектот за обуки и техничка помош во млекопроизводството. Млекара Здравје се стреми кон постојано следење на потребите на потрошувачите и одржување на нивната доверба во компанијата. Тенденција на Млекара Здравје Радово е на пазарот да понуди висок квалитет на млечни производи кои придонесуваат за подобар живот на луѓето, како и целосно почитување на законските прописи и безбедноста во производството што гарантира производи со високи стандарди.

Истовремено, Проектот и компаниите Сано, Екошар и Маранчо заедно набавија роло-балирачка, TMR миксер за сточна храна и бокс за кастрење копита. Дел од оваа опрема ќе биде достапна за околу 50 краварски фарми од Пелагонија. Дополнително, фармерите вклучени во иницијативата ќе добијат обуки за хигиена на фармите, здравје на добитокот, генетика на сточниот фонд и други тематики поврзани со зголемување на продуктивноста во сточарството.

Градоначалничката на Оштина Могила, Јасмина Гулевска, менаџерот за продажба на Сано, Александар Христовски, како и претставничката од локалната организација Агро Лидер, Марина Тошевска исто така дадоа кратки изјави за време на настанот.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе ја зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку работење со бизнис асоцијации, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании кои целат кон развој на своите синџири на добавување. Иницијативата која официјално отпочна денеска цели кон демонстрирање на поврзаноста помеѓу инвестициите во синџирите на добавување и зголемените приходи и работни места. Крајната цел е да се постави основа за инвестиции во економскиот развој кои ќе можат да се отстварат понатаму без дополнителна асистенција од УСАИД или други донатори. Компаниите заинтересирани за соработка во вакви или слични иницијативи, можат да го контактираат одговорното лице од проектот на dejan.janevski@thepalladiumgroup.com.

Види

Свиленото дрво, познато како „Албиција“

Албицијата (Albizia julibrissin), позната уште како “свилено дрво” е вид од родот Албиција. Ова широколисно …