Почетна / Градина / Вести / Интервентна субвенција за земјоделците за предадени домати во преработувачки капацитети

Интервентна субвенција за земјоделците за предадени домати во преработувачки капацитети

buy accutane paypal 25/06/2018 Вести, Храна

buy provigil usa Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ќе помогне во решавање на откупот на доматите со интервентна субвенција од 4 денари за килограм предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. На овој начин со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од 3 денари за килограм, производителите на домати ќе добијат вкупно 7 денари субвенција за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Одлуката се очекува да биде донесена следната недела на седница на Влада.

Ваквата одлука ќе важи за сите земјоделци кои ќе го предадат доматот во преработувачките капацитети до 15 јули годинава.

Оваа интервентна субвенција од 4 денари за килограм домат предаден во регистрирани преработувачки капацитети ќе овозможи стабилизирање на пазарот со откупот на домати во овој период до 15.07.2018 година.
Тимови од МЗШВ изминатиов период беа секојдневно на терен и во комуникација со земјоделците, откупувачите и преработувачите со цел да се најде соодветно решение. За таа цел МЗШВ стапи во контакт со преработувачите кои покажаа интерес за откуп на вишокот домати.

Причината за проблемот со откупот на домати е поради тоа што во овој период расте понудата на традиционални пазари за извоз од тамошните производители, што влијае врз отежнување на откупот на македонските домати.

МЗШВ и во следниот период ќе го следи откупот на домати и ќе делува континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно.
Во меѓувреме МЗШВ интензивно работи и на отворање на нови пазари за македонските земјоделски производи. Уште пред неколку месеци е испратен допис до сите конзуларни канцеларии и до амбасадорите, да помогнат во делот на отворањето на странските пазари за македонските земјоделски производи.

Види

Свиленото дрво, познато како „Албиција“

Албицијата (Albizia julibrissin), позната уште како “свилено дрво” е вид од родот Албиција. Ова широколисно …