Почетна / Градина / Вести / ФАО им помага на земјите да работат на иницијативи за отпорност кон климатските промени

ФАО им помага на земјите да работат на иницијативи за отпорност кон климатските промени

go here 11/06/2018 Вести

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) поддржува десет држави во Источна Европа, Африка, Азија, Карибите и Јужна Америка да реализираат иницијативи за градење отпорност и адаптација кон климатските промени преку проекти од Програмата за национална подготвеност финансирани од Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Програмата за национална подготвеност на ЗКФ има за цел да ги зајакне капацитетите на земјите во развој за искористување на средства од ЗКФ за спроведување на националните планови за адаптација кон и ублажување на ефектите од климатските промени предводени од државите. Генералната цел е да им се помогне на државите да ги исполнат обврските од Парискиот договор за намалување на емисиите на стакленички гасови и ограничување на глобалниот раст на температурата за 2 степени, како и да ги прилагодат земјоделското производство и системите за безбедност на храна кон климатските промени.

Десеттиот проект за национална подготвеност на ФАО, кој се одобрува е во Гвајана, Јужна Америка – допонителни 7 милиони долари на придонесот на ФАО од климатскиот фонд на ОН во рамките на Програмата за подготвеност од декември 2017 година.

“Ние работиме со земјите да ги подготвиме да преземат мерки за справување со климатските промени во блиска иднина. Ова вклучува поддршка за најсиромашните семејства да произведуваат храна преку примена на ниско-емисиони системи и градење на нивната отпорност кон климатските промени “, изјави Рене Кастро, помошник-генерален директор на Одделот за клима, биолошка разновидност, земјиште и вода во ФАО.

“10-тиот проект за подготвеност е важен исчекор во нашата работа со Зелениот климатски фонд”, додава тој.

http://oceanadesigns.net/wp-json/oembed/1.0/embed?url=http://oceanadesigns.net/envira/african-beige/ Градење на иднина отпорна кон климатските промени

Проектите – во Буркина Фасо, Конго, Екваторијална Гвинеја (два проекти), Гвајана, Кенија, Киргистан, Лаос Народна Демократска Република, Македонија, Сент Китс и Невис – ќе опфатат рехабилитација на деградираното земјиште и шумите, справување со недостатокот на вода, развој на одржлив сектор за добиток со ниски ниво на штетни емисии, примена на адаптивни и “паметни”земјоделски методи, намалување на ризикот од катастрофи за зајакнување на отпорноста на руралните заедници кон климатските промени.

Види

Живите растенија може да „слушнат“ како некој ги јаде и во такви случаи пуштаат хемикалии за да го одвратат предаторот од намерата

Лоша вест за совеста на вегетаријанците: живите растенија може да „слушнат“ како некој ги јаде …