Почетна / Градина / Вести / Oткупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 4.6 % во однос на истиот период од претходната година

Oткупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 4.6 % во однос на истиот период од претходната година

where to order accutane online 16/05/2018 Вести, Храна

http://kranidiotis.gr/events/eufonic/ Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 4.6 % во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 10.9 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 7.5 %.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, живината и јајцата и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во јануари и март, додека во февруари е забележано намалување.

Види

Богатството на Демир Капија: Белоглав мршојадец (Gyps fulvus)

Најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на …