Почетна / Градина / Вести / УТРЕ И ЗАДУТРЕ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО

УТРЕ И ЗАДУТРЕ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО

generic cytotec without prescription 11/05/2018 Вести, Градина

buy provigil modafinil  Утре и задутре (12 и 13 мај 2018 година) во вториот дел од Градскиот парк ќе се одржи петтиот Скопски цветен фестивал, што е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“. Мотото на фестивалот годинава е „Во боите на виножитото“.

Фестивалот ќе почне на 12 мај со цветно дефиле кое ќе тргне од фонтаната „Лотосов Цвет“ во 11 часот и во него ќе учествуваат деца од предучилишните установи и од основните училишта, облечени во боите на виножитото. Децата ќе се ќе се движат по пет различни патеки во паркот, а ќе ги следат над 200 велосипедисти. Официјалното отворање на цветниот фестивал коешто е закажано за во 12 часот со свои настапи ќе го збогатат Арсихана Лучи, децата од „Златно славејче“, Диана Тахири и Драмското студио OXO.

Во текот на двата фестивалски дена посетителите на Градскиот парк ќе имаат можност да учествуваат во целодневни активности што ги нуди програмата, да погледнат различни видови цвеќиња и цветни аранжмани, да проследат шоу со магионичари, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика и да поминат пријатни мигови со своите најблиски.

Петтиот скопски цветен фестивал има за цел на едно место да ги собере сите љубители на цвеќињата и природата, уметниците, децата и учениците коишто на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават 40-тина изложувачи-цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологијата.

Фестивалот за посетителите ќе биде отворен до 18 часот во недела (13 мај 2018 година).

 

Види

Бунгаловата градина ќе ве освои на прв поглед

Градината подолу на фотографиите се наоѓа во Њупорт бич, Калифорниа, Сад. Дизајнирата е од страна …