28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / МЗШВ ќе реализира сет мерки за развој и зголемување на органското производство 

МЗШВ ќе реализира сет мерки за развој и зголемување на органското производство 

Во насока на заштита на потрошувачите, е  подготовката на „Регистарот на органски оператори“, кој што е во финална фаза и кој ќе нуди точни податоци за сите производители: сертификација, вид на култури, локација на производство и планирани количини. Со воспоставувањето на овој Регистар ќе се елиминираат досегашните манипулациии на пазарот и секој потрошувач ќе знае точно дали производот кој го набавил навистина е органски, кој го произвел и каде.

Инаку, на денешната трибина  присуствуваа и заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Фирус Мемед, претседателот на Организацијата на потрошувачи на Македонија г-ѓа Маријана Лончар Велкова, и директорот на Асоцијацијата Зенит. Настанот беше во организација на потрошувачите на Македонија, Асоцијација „Зенит“ и Здружението „Медиа Плус“, а поддржан од  проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“ финансиран од Европската Унија преку програмата „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“, и од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …