Почетна / Градина / Вести / Триесет дена со зборови постојано навредувале растение! Еве што се случило после еден месец

Триесет дена со зборови постојано навредувале растение! Еве што се случило после еден месец

see 10/05/2018 Вести

http://spectus.co.uk/commercial/products/windows/ Во новиот експеримент кој го иницираше IKEA, наречен „Малтретирање растение”, учествуваа илјадници деца, а целта на истиот беше подигање на свеста кај децата против насилството, како физичко, така и вербално, пишува Таратур.

За време на експериментот, IKEA постави две растенија во училиште. На едното растение постојано му биле давани комплименти и му биле кажувани мотивирачки реченици, а другото било вербално малтретирано со зборови полни со омраза. Учениците имале задача да ја споделат нивната љубов со првото растение, а да го критикуваат второто.

По 30 дена, резултатите говорат самите – растението кое добивало комплименти било бујно и полно со живот, додека критикуваното растение почнало да се суши и да венее, а неговите листови станале жолто-кафени.

Двете растенија добивале подеднаква количина на вода и биле изложени на иста светлина. Единствената разлика, биле речениците полни со омраза и критики упатени кон едното растение и убавите зборови кои му биле кажувани на другото, во циклус од 30 дена. На крајот од експериментот, импресивните резултати говорат самите за себе.

Види

Живите растенија може да „слушнат“ како некој ги јаде и во такви случаи пуштаат хемикалии за да го одвратат предаторот од намерата

Лоша вест за совеста на вегетаријанците: живите растенија може да „слушнат“ како некој ги јаде …