Почетна / Градина / Погледнете како изгледаше дел од еко-акцијата “Да растеме заедно“ во градинарскиот центар ФОЈА

Погледнете како изгледаше дел од еко-акцијата “Да растеме заедно“ во градинарскиот центар ФОЈА

enter site 25/04/2018 Градина, Хортикултура

go to link Градинарскиот центар ФОЈА во соработка со невладината организација “Коалиција боите на животот” и здружението “Звездички-art of living”, во саботата на 21 април, со почеток во 12 часот, организираа еколошка акција по мотото “Да растеме заедно“.

Идејата беше да се промовира заштитата на животната средина, да се иницира партиципација на младите во еколошките активности од најрана возраст, да се создаде љубов кон растенијата и природата, како животен стил, и начин на живеење.

Акцијата се одржува традиционално секоја година. На неа присуствуваат љубителите на растенијата и здравата животната средина, заедно со своите најблиски. Се садат семиња, фиданчиња, се едуцира за многу теми поврзани со растенијата и нивната улога во нашата средина.

Погледнете како изгледаше целата акција заедно со најмладите:

Види

ФАО: Пчелите мора да бидат заштитени за иднината на нашата храна

Во пресрет на првиот Меѓународен ден на пчелата, Организацијата за храна и земјоделство на ОН …