19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Обезбедени 15 милиони евра преку ИПА 2019 за финансирање во секторот земјоделство

Обезбедени 15 милиони евра преку ИПА 2019 за финансирање во секторот земјоделство

Денеска во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се одржа редовниот работен состанок на Секторската работна група во која што членуваат претставници од МЗШВ, од Делегацијата на ЕУ, од надлежните институции во секторот земјоделство, странски  донатори и невладини организации.

На состанокот се разгледаа тековните проекти финансирани од Инструментот за  претпристапна помош на ЕУ, како и идната финансиска помош од ИПА 2019 која што е во фаза на програмирање. Воедно, беа разгледани и областите во секторот земјоделство што ќе се финансираат преку ИПА 2019, за што веќе се обезбедени околу 15 милиони евра.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека овој состанок е добра можност за дискусија за идните приоритетни политики за развој на земјоделството.

„Развојот на земјоделството зависи од политиките и мерките што ќе ги имплементира министерството во соработка со сите чинители од секторот земјоделство. Секторската работна група ќе служи како платформа за поставување на политиките и перспективите од заеднички интерес, со цел креирање на ефикасни политики за развој на земјоделството. Работната група ќе се осврне на потребата за приспособување на земјоделската политика во земјата, врз основа на релевантни детални анализи, истовремено земајќи ги предвид неопходните прилагодувања поради процесот на приближување кон ЕУ“, порача министерот Николовски.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …