28.03.2024
Почетна / Градина / Храна / Николовски: Се водат разговори за пласман на македонската зелка на рускиот пазар

Николовски: Се водат разговори за пласман на македонската зелка на рускиот пазар

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано за следи состојбата со откупот и цената на пролетната зелка, и се преземаат мерки за понуда на македонската зелка на рускиот пазар, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека во моментов се собираат податоците за расположливите количини и цените и интензивно се водат  разговори за пласман на зелката.

И денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичкиот регион.

Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка затоа што имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.

– Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат, изјави министерот Николовски.

Николовски посочи дека се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.

– Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, и ние правиме напори за да обезбедиме пласман, посочи министерот Николовски, додавајќи дека во изминатиов период со Москва се разговараше и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има и утре затоа што Министерството, како што потенцираше министерот Николовски, се труди да најде решение.

Инаку цената на зелката во моментов, е 12 денари за килограм, а МЗШВ и во следниот период ќе ја следи состојбата со откупот.

Види

Соковите од зеленчук се лековити и корисни

Најздравите својства на овошните сокови се добро познати. Но, придобивките од зеленчуковите сокови не се …