29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Се подобрува соработката помеѓу Македонија и Србија-побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи

Се подобрува соработката помеѓу Македонија и Србија-побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи

Побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи – ова се дел од придобивките кои што македонските извозници ќе ги имаат со поптишувањето на двата договори од областа на безбедност на храна и  фитосанитарната соработка, со Република Србија.

Договорите се усогласуваат и до 30-ти јуни годинава треба двете држави да ги потпишат.

Потпишувањето на двата  договора всушност значи признавање на сертификатите на двете земји, односно ќе престане потребата за двојно земање на примероци и анализа на прехранбените производи, што во голема мера ќе ги намали дополнителните и непотребните трошоци со кои се  соочуваат компаниите извозници од двете земји.

Конкретно, со потпишување на Договорот за соработка за безбедност на храна и ветеринарство, за 15 дена се крати времето на чекање за лабораториско испитување. На овој начин македонските млечни производи како јогуртот и киселото млеко кои имаат краток рок за користење и воопшто не можеа да се појават на пазарот во Србија поради долгиот период на чекање на граница, со потпишување на договорот, овие производи конечно ќе можат да се продаваат и да бидат конкурентни на српскиот пазар.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …