29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / МЗШВ денес на средба со производителите на зелка и со откупувачите

МЗШВ денес на средба со производителите на зелка и со откупувачите

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство континуирано ја следи состојбата со откупот на зелката и откупната цена. За таа цел МЗШВ веќе оствари контакти со земјоделците производители на зелка, и уште денес претставници на МЗШВ ќе остварат заеднички состанок и со производителите на зелка и со откупувачите, се со цел да се најде решение кое ќе биде од заеднички интерес.

Во изминатите две недели, претставници на МЗШВ и на Владата на РМ одржаа неколку состаноци и со земјоделците и со откупувачите на зелка, а на кои што беше презентирана актуелната состојба со откупот и цената на зелка, и се слушнаа ставовите на двете страни.

Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина.

Паралелно МЗШВ работи на долгорочна стратегија за обезбедување на сигурен пласман и откупни цени, како и на создавање на цврсто договорно производство помеѓу земјоделците и откупувачите.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …