23.04.2024
Почетна / Uncategorized / Започна имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“

Започна имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“

„Земјоделските задруги се важни за руралниот развој и целосниот развој на економијата во европската унија. Во Европската унија, земјоделските задруги претставуваат важен елемент.Во Европа има 51.000 земјоделски задруги, од кои 20.000 се во Европската унија и имаат годишен обрт од 50 милијарди евра. Овој проект ќе има важна улогаво развојот на задругарството во Република Македонија“, изјави  Соупилас.

Со проектот се планирани низа активности, како длабинска анализа на правната рамка и политиките за земјоделски задруги, формулирање на предлог измени проследени со јавна расправа, формирање на работна група и дебата за можни решенија, поддршка за воспоставување на систем за следење на земјоделски задруги, зајакнати капацитети на чадор организација на земјоделските задруги која ќе добие техничка и финансиска поддршка.Исто така ќе се работи зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите со спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за придобивките од задругите и инфо сесии со локалните заедници.

Во регистарот на земјоделски задруги досега се запишани 39 земјоделски задруги, од кои 7 земјоделски задруги се од голем обем, со најмалку 20 членови, а останатите 32 земјоделски задруги се од мал обем, со најмалку 10 до 19  членови.

Целна група на проектот се 30 постоечки земјоделски задруги и 30 групи земјоделци кои сакаат да формираат нови задруги и да учествуваат во проектни информативни сесии и обуки за развој на бизнис планови, од кои 20 ќе добијат грантови за проекти.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …