29.03.2024
Почетна / Uncategorized / Вонредна временска прогноза: Циклонот Димитар ќе уништи се што е расцветано!

Вонредна временска прогноза: Циклонот Димитар ќе уништи се што е расцветано!

Почитувани граѓани како што и претходно најавивме во текот на следните неколку денови почнувајќи секако од денес (среда) па се до сабота територијата на нашата држава ќе биде под влијание на зимскиот циклон ДИМИТАР кој ќе условува врнежливо време а поради спуштање на многу постуден воздух од Арктикот температурите на воздухот уште од оваа ноќ ќе опаднат дури за околу 10-тина степени локално и за повеќе, соопштува Метеомакс.

Сето ова ќе услови врнежите од дожд постепено да поминуваат во врнежи од снег и на пониските места најпрвин на север и северозапад а потоа и на запад додека во јужната половина врнежите ќе бидат од дожд и од снег а на југоисток и Долж Повардарието истите ќе бидат од дожд.

Потенка снежна покривка е можна и на некои од пониските места на северот, северозападот и на западот од државава додека на повисоките места и на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми и тоа некаде за 20 до 30 цм додека на повисоките планини и за преку 30 – 40 цм.

Во некои од котлините можен е и влажен снег во текот на денот.

До сабота минималните температури на воздухот ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и на повеќе места ќе се спуштаат во негатива поточно истите ќе с еспуштаат во интервалот од -5 до 4 степени додека на планините истите ќе бидат многу пониски.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени додека Долж Повардарието и на југоисток истит еќе се искачуваат до околу па и малку над 10 степени.

Сето ова ќе биде проследено со северен и североисточен ветер кој повремено ќе се засилува по интензитет.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе има значително пониски температури на воздухот и истите ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината ги предупредуваме на сите земјоделци да си ги заштитат своите земјоделски култури и насади поради значителната опасност од појава на мразеви.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …