25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Дванаесет локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата

Дванаесет локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата

Проектот МАИНЛАНД, финансиран од Европската Унија, кој го споведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), бележи клучно достигнување со изборот на 12 проектни области за консолидација на земјоделско земјиште ширум земјата.

Изборот на проектни области за консолидација на земјоделско земјиште е кулминација на серија подготвителни активности кои се реализираа во текот на изминатите неколку месеци.

Иницијално беше изработена методологија за избор на локации за консолидација на земјоделско земјиште, по што следуваа обуки на вработените во МЗШВ и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството (АПРЗ) како да работат заедно со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште при подготовка и поднесување на изјави за интерес за локални проекти за консолидација на земјиште.Во ноември 2017 година, проектот организираше четири регионални работилници во Гостивар, Битола, Струмица и Штип, со цел да се зголеми локалната свест и разбирањетоза придобивките од консолидацијата на земјиште и да се објасни како земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште можат да аплицираат  како корисници на проекти за консолидација на земјиште.

Интензивните напори за подигнување на јавната свест и интересот, резултираа со 40 изјави за интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште, поднесени од различни локални заедници,  во декември 2017 година. Врз основа на евалуација наспроти неколку критериуми за избор, беше направен конечен избор од 12 локални заедници, со највисок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиште. Избраните заедници се:  Стојаково во Општина Богданци; Логоварди, Трн, Оптичари и Жабени во Општина Битола; Лешани во Општина Дебарца; Чешиново, Соколарци, Спанчево и Чифлик во Општина Чешиново-Облешево; Царев Двор во Општина Ресен; и Моноспитово во Општина Струмица.

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …