20.04.2024
Почетна / Uncategorized / Земјоделците ќе добијат 30 отсто повисоки субвенции за пренамена на култура

Земјоделците ќе добијат 30 отсто повисоки субвенции за пренамена на култура

Дополнителни субвенции ќе можат да добиваат земјоделците кои имаат производство на жита и кои сакаат да ја променат културата во градинарство на отворено, во пластеници и во овоштарници и лозја.

Право на овие пари имаат земјоделските стопанства кои освен пченица или друг вид на жита, одгледуваат и градинарски, овошни и лозови насади.

Вкупната површина по стопанство треба да биде помала од 5 хектари, а услов е досега да добивале субвенции само за житните култури.

Висината на дополнителната финансиската поддршка изнесува 30 проценти од основната субвенција за градинарство, овоштарство и лозарство.

Парите земјоделците ќе ги добиваат во рок од пет години од замената на производството.

Доколку постоечките овошни и лозови насади овоштарите се решат да ги обноват со нови сорти можат да побараат и дополнителни од 4.500 до 12.000 денари за хектар во зависност од видот на културата.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …