19.04.2024
Почетна / Градина / Животни / Финансиска поддршка за одгледување добиток

Финансиска поддршка за одгледување добиток

Сточарите годинава ќе добијат од државата вкупно милијарда и сто милиони денари за одгледување на добитокот. Најголем дел од парите се наменети за одржување на стадата и за продаденото млеко.

Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 2.800 денари за животно. Дополнително можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до октомври 2018-та година и кои не произведуваат млеко.

За предадено или заклано говедо во кланица за периодот од мај 2017-та до април 2018-та година, фармерите ќе добиваат по 1.500 денари.

Овчарите за најмалку 30 обележани овци ќе може да добијат по 1.000 денари за секоја, а за сочувано женско јагне по 700 денари.

Субвенциите се исти и во козарството со услов фармерите да имаат стадо од минимум 10 кози.

Доплатата за предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети не се менува во краварството, односно останува 3,5 денари, а за овчото и козјото се зголемува за половина денар и ќе изнесува 4 денари за литар, соопшти МРТ.

Види

Кучето секој ден гледало надвор од прозорец, а причината ќе ве остави без зборови

Три пати на ден, кучето на Кејси со нетрпение гледало пред прозорецот. Најпрво, Кејси, горда …