Почетна / Градина / Хортикултура / Околу 800 нови видови на орхидеи се опишуваат секоја година

Околу 800 нови видови на орхидеи се опишуваат секоја година

http://nethermoorcc.com/category/uncategorized/flood/ 07/03/2018 Хортикултура

get link Орхидеа или латински од фамилијата „Orchidaceae“ е најголемата фамилија на цветни растенија. Името е добиено од родот Orchis. Кралските ботанички градини од Кју наведуваат 880 родови и околу 25000 опишани видови.

Според Јохан Пилон оваа фамилија сочинува околу 6-11% од сите семени растенија. Околу 800 нови видови на орхидеи се опишуваат секоја година.

Најголеми родови од фамилијата на орхидеите се Bulbophyllum (2,000 вида), Epidendrum (1,500 вида), Dendrobium (1,400 вида) и Pleurothallis (1,000 вида). Оваа фамилија исто така го вклучува и родот Vanilla (родот на растението Vanilla planifolia од кое се добива ванила), Orchis и многу други култивирани растенија, како што се Phalaenopsis или Cattleya.

Со помош на интродукцијата на тропските видови, хортикултуристите имаат произведено повеќе од 100.000 хибридни видови. Орхидеите се среќаваат речиси секаде, освен пустините и глечерите. Најголем дел ги има во тропските предели на Азија, Јужна Америка и Средна Америка. Се наоѓаат во јужна Патагонија и дури и на островот МекКварки, кој е расположем близу до Антарктикот.

Согласно Википедија, поголем дел од орхидеите се повеќегодишни епифити кои растат прикачени за дрвја или грмушки во тропските и суптропските региони. Други видови се литофити, односно тие растат на карпи или карпеста почва, или, пак, се терестрични растенија.

Речиси сите орхидеи од умерените подрачја се терестрични. Некои орхидеи, како „Neottia и Corallorhiza“, немаат хлорофил и не се способни да вршат фотосинтеза. Наместо автотрофност, овие видови се исхрануваат со помош на паразитски почвени габи преку образувањето на орхидејни микоризи.

Види

Собен јасмин (Jasminum Polyanthum)

Jasminum polyanthum или собен јасмин е еден од многуте видови јасмини, погоден за собно одгледување …