19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Фениксова палма (Phoenix)

Фениксова палма (Phoenix)

Фениксовата палма (Phoenix) потекнува од семејството Палмови (Arecaceae) кои вклучуваат 18 видови. Ова е брзо растечко растение кое во првите години расте побавно.

Може да се одгледува во саксија во домот првите неколку години. Расте и до 20 метри височина. Стеблото е сочно, тревесто и меко.

Периодот на цветање се одвива во август до септември. Цвета со златно жолти соцветија.

Се размножува со семе или гранки, но може и целиот плод да се засади во влажна почва. Така растението ќе никне за околу 2-3 месеци. Како декоративни се користат три вида: „Phoenix dactylifera“ се одгледува во САД, „Phoenix canariensis“ – Фениксова палма од Канарските острови и „Phoenix roebelinii“. Овие дрва започнуваат да ги даваат своите плодови во шестата година.

Тие се дводомни растенија при што женските и машките соцветија се на одделни растенија. Овој вид на палма треба редовно да се оросува. Се ѓубри во текот на растење и тоа еднаш на две недели. Има голем корен, па затоа е потребно да се пресадува на 2-3 години во поголеми саксии.

Најдобро успеваат на сончеви места со комбинации на сенка. Се верува дека помладите растенија сакаат повеќе сенка отколку сонце. Преку целата година сака температура од 18 – 25 степени. Бара редовно полевање.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …