Почетна / Совети / Кактус Мамаларија – Mammillaria

Кактус Мамаларија – Mammillaria

http://castelloristorante.com/category/upcoming-events/ 14/02/2018 Совети

buy discount Maxalt online Животниот циклус на мамилариите се совпаѓа со сезоните во нашите краеви. Во периодот на раст – од пролет до доцна на лето, растенијата се полеваат умерено. Важен услов е да се засадат во лесна песочна почва и да бидат сместени на сонце.

Повеќето видови во зима сакаат да “заспијат” на температура од 8-10 степени, без наводнување. Ако ја поминат зимата во загреана просторија, треба да се наводнуваат, во текот на 15-20 дена.Таквото одгледување сепак лошо се одразува на цветовите.

Во март добро е да се започне со пулвезирање, а потоа и со полевање на вода. Различните видови од овој кактус се широко распространети во јужните држави на САД, во Мексико, Централна Америка, Куба и други острови на Карипско Море. Во природата се нешто повеќе со затегната форма, со единечни или разгранети стебла. Родот на мамилариите (Mammilaria) е меѓу најголемите во семејство кактус. Во него се вклучени над 400 различни видови, распространети во Мексико, јужните држави на САД, во Централна и Јужна Америка.

Мамилариите доста често се среќаваат меѓу другите цвеќиња, отколку кој и да е друг вид на кактус. Меѓу нив има исклучително непретенциозни и лесни за одгледување видови. Не е тешко да се идентификуваат. Тие се релативно мали, со цилиндрична форма. Некои од нив имаат поединечни стебла, други се карактеризираат со дамки, а трети формираат густи теписи. Препознатлив белег им се т.н. мами (од лат. mammilla) кои спирално го покриваат стеблото. Мамите при различните видови се многу различни по форма, големина и количина. На врвовите имаат распоредени ареолите, со боцки или различни влакна.

Цветовите на мамилариите не се појавуваат од ареолите, туку од пазувите на минатогодишните мами, и се наоѓаат како венче околу врвот на растението. Тие обично се мали обоени во различни нијанси, белата боја, жолта и црвена. По цветањето мамилариите остануваат повторно со венчиња, но веќе од плодови, кои неколку месеци ги красат. Особено различни се и боцките. Благодарение на нив повеќето видови се убави дури и кога не цветаат.

Кактусот цвета со повеќе цветови, кои се наоѓаат во форма на венче и се појавуваат континуирано цело лето. Во зима се чува во свежи простории на температура од 8-10 С. Овој вид кактуси се чуваат на светло, но треба да се чуваат од директните сончеви зраци. Се полеваат со вода при сушење на почвата. Не бараат прскање, но се чуствителни кон свежината на воздухот, во топлите денови треба да се отворат прозорците. Бидејќи мамаларијата ги сака малите, недлабоки саксии, постарите примероци треба да се пресадуваат само ако саксијата им стана очигледно тесна. Се размножуваат со семе и сечи.

Види

Совети за собните растение додека сте на одмор

Кога одите на одмор, вашите растенија во домот сеуште им е потребна грижата. Особено им …